Хрватска прва ќе добие соларен автопат: Еве каде е точната локација
Проектот вклучува изградба на соларни централи во загрепските Плитвице, Растовица, Среданци и Ивања Река.

Хрватске аутоцесте (ХАЦ) објави јавен конкурс за изработка на идејно решение за соларни централи во реонот на одморалиштето Загреб Плитвице, одморалиштето Растовица, клучката Среданци и Ивања Река. Тендерот е отворен до денеска, а избраниот проектант се очекува да ја заврши работата во рок од осум месеци.
Сончевата централа „Плитвице“ ќе се гради во областа за одмор на Загреб (Плитвице) Север, а бруто-површината достапна за изградба е приближно 2,5 хектари. Соларната централа Растовица е планирана на јужната страна на јужниот дел за одмор Растовица во Вуковарско-сремската жупанија. Бруто достапната слободна површина за нејзина изградба е приближно 3,1 хектар.
На две катастарски парцели кај клучката Среданци во Бродско-Посавинската жупанија е планирана изградба на соларната централа Среданци. Бруто расположливата површина за изградба на оваа соларна централа е приближно 11 хектари. Сончевата централа Ивања Река треба да се планира во областа на клучката Ивања Река на три катастарски парцели во Загребската жупанија. Вкупната бруто достапна површина за изградба на соларната централа Ивања Река е приближно 18 хектари.
Идејниот проект на соларните централи треба да опфати варијантно решение за производство на електрична енергија за сопствени потреби на ХАЦ, со пренос на вишокот произведена електрична енергија во електроенергетската мрежа. Како и решение за производство на електрична енергија со целосна испорака на произведената електрична енергија до електричната мрежа.
Исто така, неопходно е да се развие опција за решение што вклучува производство на електрична енергија за сопствени потреби на ХАЦ, со акумулација на вишок произведена електрична енергија (со батериски системи).
Дизајнерите исто така имаат задача да предвидат максимално искористување на просторот на поединечни предложени локации за градба. Како и креирање на концептуален дизајн со трите споменати опции посебно за секоја локација.
Покрај овие четири соларни централи, ХАЦ минатата година објави план за изградба на уште четири, во согласност со Договорот за советодавни услуги под заеднички наслов „Зелена трансформација на хрватските автопатишта (Зелени автопатишта)“. Овој договор е склучен со Европската инвестициска банка, пишува Пословни дневник.