Хрватска под истрага на обвинителите од ЕУ: 23 случаи тешки 313 милиони

ЕЈО, Евроското јавно обвинителство, објави годишни извештаи за својата работа. Во големиот извештај прокажана е работата на ЕЈО по земји, па и во Хрватска.
Како што се наведува во извештајот, Канцеларијата на јавниот обвинител лани во Хрватска отворил 23 постапки поради сомнеж за малверзации со пари од ЕУ тешки 313,6 милиони евра.
Какви малверзавии се истражувале лани
Се работи главно за истраги поврзани со злоупотреба на средства од ЕУ фондови и државниот буџет, манипулации во текот на јавната набавка и корупција.
Во извештакот се наведуба дека подигнати се осум обвиненија, а судовите донесле шест правосилни пресуди. По налог на ЕЈО, во текот на 2022 година блокиран е имот во вредност од околу 400.000 евра.
ЕЈО наведува и два случаи за прекугранична истрага.
Порано се пишуваше дека Хрватска е опфатена и со најголемата истрага покрената по операцијата „Адмирал“, во кој постои сомнеж за штета поголема од 2,2 милијарди евра низ затајување данок.
Во извештајот е наведено дека се водат шест постапки во Хрватска поради злоупотреба на средства од Европскиот фонд за земјоделство и рурален развој. Уште седум се поврзуваат со пари наменети за рагионален развој. Двата случаи се однесуваат на средства од кохезискиот фонд, еден на средствата наменети за обнова и отпорност, додека еден се однесува на средствата за дигитализација, мобилност и енергетика.
Лани, Канцеларијата на европскиот јавен обвинител во Хрватска доби четири пријави од телата на ЕУ, 17 од граѓани и 29 од националните тела. Една постапка е покрената по службена должност.