Хрватска небулоза: И покрај тоа што умре, директор на болницата „Ребро“ и понатаму е Ќорушиќ
Пратеничката од Можеме! и докторка на КБЦ Загреб, Ивана Кекин, во четвртокот извести дека испратила петиција до министерката за здравство Ирена Хрстиќ, барајќи итно решавање на „управувачката криза“ во најголемата хрватска болница по смртта на директорот Анте Ќорушиќ.
Кекин како претседателка на собраниската Комисија за здравство и социјална политика побара одговори за состојбата во болницата и праша кога ќе се реши прашањето за раководството на болницата и ќе се распише јавен конкурс за нов директор.
Потсетувајќи се на настаните во „Ребро“ во изминатите неколку месеци, таа рече дека поради директорот Ќорушиќ, кој требаше двапати да се пензионира, се вршело усогласување на Статутот за да може да остане на таа позиција, со образложение дека најдобро е запознаен со комплексниот процес на реконструкција на болницата, тешко неколку стотици милиони евра во која само тој може да се снајде.
Ќорушиќ почина во октомври минатата година, а и покрај тоа, директор на „Ребро“ и натаму е Анте Ќорушиќ и нема назначено в.д., иако Законот за институции предвидува во случај на разрешување на директорот од која било причина, веднаш да се назначи в.д. и распише конкурс за директор во рок од 30 дена.
Таа додаде дека единствено што ѝ паѓа на памет е дека доколку назначат в.д. тогаш, според Закон во рок од 30 дена мора да распишат јавен конкурс и праша што чека министерката.
Според неа, особено загрижува како помошник-директорот, покрај сите оbврски, успева да води проект за реновирање вреден стотици милиони евра.