Хрватска го избра претставникот за Евросонг во Виена
Загреб – Групата „Лелек“ со песната „Андромеда“ ја освои Дора 2026 и ќе ја претставува Хрватска на Евровизискиот натпревар во Виена.
Напнато до самиот крај
Победникот беше одлучен според збирот на гласовите на публиката и жирито во сооднос 50:50. По гласовите на осум судии – четири домашни од Загреб, Сплит, Риека и Осиек и четири меѓународни од Обединетото Кралство, Луксембург, Сан Марино и Норвешка – групата Лелек беше во водство. Тие добија максимални 12 поени од жиријата од Сан Марино, Сплит, Луксембург и Норвешка.
Високо се пласираа и Стела Раде, на која ѝ беа доделени 12 поени од жиријата од Риека и Загреб, и Колд Снеп со 12 поени од жирито од Осиек. Жирито од Обединетото Кралство го додели максималниот број поени на пејачката Ноел.
Конечната одлука ја донесоа гледачите преку телефонски повици и СМС пораки. Публиката, исто така, даде најголема поддршка на групата Лелек, доделувајќи им убедливи 96 поени. На второ место според гласовите на публиката се пласираше Cold Snap со 70 поени, додека Стела Раде беше трета со 47 поени. Собраните поенти од жирито и публиката ја потврдија победата на групата Лелек.
Во финалето на Дора се натпреваруваа 16 изведувачи, откако го обезбедија својот пласман во две полуфинални вечери.
