ХРТ нуди отпремнини на 500 вработени
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/hrt.jpg)
Околу 200 работници во Хрватската радио-телевизија од почетокот на оваа година до 7 февруари прифатиле престанок на работниот однос со понудени отпремнини.
Во декември минатата година, генералниот директор Роберт Швеб ги повика сите работници на ХРТ во големата сала „Антон Марти“ за да ги информира дека ХРТ добила 28 милиони евра од Владата за да им исплати отпремнина на оние што сакале да си заминат.
ХРТ на тој начин сака да се ослободи од 500 вработени до крајот на март.
Вработените во ХРТ кои сакаат да ја напуштат компанијата со отпремнина, мора да го сторат тоа до 31 март, кога истекува рокот за оваа форма на технолошки вишок.