ХРТ казнета со 13.270 евра поради рекламирање на чорапите на Лепа Брена во директен пренос
Хрватскиот Совет за електронски медиуми (ВЕМ) изрече казна за ХРТ од 13.270 евра и 1.320 евра за одговорното лице за прикриено рекламирање во емисијата „Кај нас дома“, во која гостинка беше пејачката Фахрета Јахиќ, попозната како Лепа Брена која ја рекламираше својата колекција чорапи.
Кон средината на декември, Советот за електронски медиуми (ВЕМ) побара изјава од ХРТ во врска со можна повреда на одредбите од Законот за електронски медиуми за прикриено рекламирање, односно одредбата дека „аудиовизуелната комерцијална комуникација мора веднаш да се препознае како таква“ и дека „не им се дозволени тајни аудиовизуелни комерцијални комуникации“.
Со оглед на тоа што ХРТ делумно се финансира од таксата, казната на крајот ќе ја платат сите граѓани.
Водителката не ја спречи Брена да рекламира чорапи
Реакцијата на хрватскиот медиумски регулатор следеше по емисијата емитувана на 4 декември, во која Лепа Брена неколку минути рекламираше чорапи од својата модна колекција, а во тоа не ја спречи водителката Ива Шулентиќ.
Поради ова, ХРТ потоа објави дека Лепа Брена претходно била запознаена со сите теми на разговор.
ХРТ: Гостинката го искористи гостувањето во емисијата во живо
Тие истакнаа дека сценариото за гостувањето ги содржело следните теми: претпразнично време, како го поминува со семејството, за нејзините концерти пред многубројната публика, нејзината пејачка кариера, сеќавањата на Загреб, феноменот на продадените пет нконцерти на Александра Пријовиќ во Арена Загреб и најава за нејзиниот концерт во Арена Загреб следната година.
„Меѓутоа, и покрај ова, гостинката за жал го искористи гостувањето во емисијата во живо и го рекламира својот нов претприемачки проект. Никој вклучен во создавањето на оваа популарна попладневна забавна емисија немал намера да ги рекламира споменатите производи“, објаснија од ХРТ.
Лепа Брена: Можеше да ме прекинат во секое време
Од друга страна, за својот настап на Хрватската радио телевизија се огласи и Лепа Брена за српските медиуми.
„Немав намера намерно да ги кршам правата за рекламирање. Никој не ми го забрани експресно. Можеа да ме прекинат во секое време и немаше да бидам навредена. Имавме уште стотина теми за разговор”, изјави Лепа Брена.