Хороскоп: Што велат ѕвездите за празникот
ОВЕН: Ова е период кога работите се забрзуваат и добивате неверојатна сила: креативни и убави, со уникатни дарови кои што можете да му ги понудите на овој свет, ризикувате, знаејќи дека ќе добиете! Победа, забава и напредување во кариерата: светот му припаѓа на оној кој што прави напори. Нови понуди за лично исполнување.
БИК: Минете ги празниците со саканите: ова е време на изобилство, љубов и искреност во интимните врски. Широкогради, привлечни и чесни, размислувате за надреалните светови, имајќи божествена визија: со добра мера за времето, животот и уметноста, сакате да научите колку што е можно повеќе. Уживате во убавината на животот.
БЛИЗНАЦИ: Подгответе се за специјални моменти: нови вештини, баланс и добро здравје. Овој момент го чекате одамна и сега вашите планови излегуваат на светлото на денот: време е за прослава, за романса и креирање на уметност. Инспирирани од некоја идеја, брзате да ја остварите што побрзо: вашето хоби станува нова страст и реалност.
РАК: Силни и отпорни, успевате да завладеете со природните сили: калкулирате добро како да се износите со материјалната реалност и на крајот ќе успеете! Ентузијазмот се враќа во вашиот живот, како и желбата за еротика, но и доброто здравје и сето ова ветува дека викендот ќе го минете во прекрасно расположение и среќа.
ЛАВ: Иако сте растргнати на повеќе страни, барате начин како да се одморите и да ја обоите сивата реалност во блескави бои: можеби ќе отпатувате некаде далеку, каде што ќе имате повеќе шанси за страсна романса или дружење со пријателите. Време е да вкусите нови вкусови, пијалоци и мириси, но не претерувајте во ништо.
ДЕВИЦА: Сега е време да си дозволите одмор или креативни активности вон секојдневната рутина: ја враќате својата самодоверба и имате храброст да се соочите со мистериите. Честитајте си, бидејќи го заслужувате ова: вие сте прекрасно битие кое што секогаш има слух за саканите. Верувајте во подобра иднина. Успех.
ВАГА: Замислете си желба и таа ќе ви се исполни: замислете уште некоја повеќе и ќе уживате во луксуз, добра храна и убавина. Партнерските врски се силни и сега сте благодарни за сето она што сте го постигнале заедно. Живејте го секој ден со нова сила и здив, не оставајќи ништо за следниот ден. Животот е песна, а и вие сте дел од неа!
СКОРПИЈА: Внимавајте на своето здравје и дневни навики: нешто ве спречува да постигнете совршена среќа и хармонија. Не дозволувајте му на повреденото его да носи брзи решенија и не губете храброст. Она што се случува надвор од вас е само огледало на она што се одвива во вашиот внатрешен свет. Заштитете ја главата и очите. Сакајте повеќе.
СТРЕЛЕЦ: Искористете ја својата фантазија и креативност за да ја вратите надежта во животот: љубовта расте и се радувате на неколкуте слободни моменти со саканите. Оценете кога е најдобро време да се повлечете и да се одморите, бидејќи животот не се состои само во работа и штедење, туку и за прослава на успехот и слободата.
ЈАРЕЦ: Убави планетарни влијанија кои што ќе ви помогнат да напредувате во професионалната и личната сфера: бидете истрајни и силни, бидејќи сега имате ретка можност да ги покажете своите квалитети. Ако некој се обиде да ве измами, избегнете ја замката на осветољубивост: успевате да ја вратите љубовта и хармонијата.
ВОДОЛИЈА: Не игнорирајте ја интуицијата, бидејќи таа ќе ви открие огромна мудрост: нема потреба да користите трикови за да успеете, туку потпрете се на традиционалните и испробани методи. Сѐ може да се научи, па дури и доблеста, особено ако најдете сила да простите, себе си и на другите. Успевате да ѝ избегнете на опасноста.
РИБИ: Љубовната среќа се расипува ако ѝ се приклучи трета личност: како и да е, сепак ќе успеете да го сфатите ова навреме и да ја вратите довербата меѓу вас и саканите. Нежни, слатки и убедливи, зрачите со убава енергија наоколу: време е да ги раскажете своите искуства и мудрост и на тој начин да постигнете независност. Решителност.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ