Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Подготвени да ја покажете својата уникатна страна, претставете ги своите најголеми потенцијали: срцето чука побрзо и имате многу поводи за славење и страсни средби. Дозволете си го тој луксуз и бидете она што сте: изразете им ја својата љубов на саканите и покажете им дека не сте копија: признајте ја својата индивидуалност! Среќа.

БИК: Не барајте да се видите себе си низ туѓите очи, туку откријте ја својата оригинална страна: бидете тивки и таинствени, имајќи неколку слатки пораки во своето срце. Не е нужно да се однесувате како и останатите, за сега само набљудувајте и ќе успеете да напишете ново сценарио со кое што ќе имате поголема контрола. Медитација.

БЛИЗНАЦИ: Ако си дозволите да бидете заведени од илузијата, нема да може да дојдете до ослободување: не верувајте на сѐ што ќе чуете, туку повеќе потпрете се на својата интуиција дека ќе ве одведе на вистинското место. Длабоко во себе веќе имате одговори и знаете што ќе се случи: оставете зад себе сѐ што не му служи на вашиот развој.

РАК: Се отвораат многу нови шанси, за кои што ќе треба да се запрашате колку навистина сте спремни: дали тоа се ваши желби или сакате само да им удоволите на туѓите потреби? Ќе треба да се заштитите на време и да не се убедувате ако откриете дека постапувате според туѓите желби. Ништо не се прави со сила, туку со љубов.

ЛАВ: Сега е време да сонувате големи сништа и да почнете да правите нови списоци: ако нешто не се одвива онака како што сакате, напишете нова листа на желби и вратете го оптимизмот во својот живот. Така ќе ја зголемите менталната енергија и ќе привлечете многу волшебни солуции: разговарајте со останатите и споделете ги своите идеи.

ДЕВИЦА: Ако имате доволно силна верба и верувате дека сѐ е воможно, ќе постигнете успех, богатство и слава. Размислете добро како минатите искуства се преплетуваат во сегашноста и како повторно може да експандирате: ќе откриете дека постојат неколку пријатели на кои што можете да се потпрете. Не двоумете се, побарајте ги!

ВАГА: Обично луѓето размислуваат низ призмата на постоечката реалност, раководејќи се од таканаречената здрава логика, но тоа не секогаш е ефикасно. Денес имате прекрасни шанси да ги освоите срцата на сите околу себе, бидејќи сте топли, смирени и симпатични. Можеби ќе појдете на краткотраен пат: поводи за прослава.

СКОРПИЈА: Време е за важни решенија: ако имате доволно храброст, ќе успеете да ги надминете денешните препреки. Имајте во предвид дека вие сте тие што бираат: сегашниот статус, работата и комодитетот, но ќе ги задржите само ако останете мудри. Имате право на достоен живот, како и привилегија да ја креирате својата реалност.

СТРЕЛЕЦ: Убави влијанија со кои што можете да манифестирате речиси сѐ што ќе посакате: останете фокусирани на целта и вртете го саканиот слајд во главата. Обрнете внимание на финансиите и запрашајте се дали сте тргнале нешто настрана или сте потрошиле повеќе отколку што е потребно. Пред вас е конкретна работа и успех.

ЈАРЕЦ: Добивате сигнал со кој што ќе дојдете до неочекувани промени, реновирање или нов животен стил: кога пилето ќе порасне доволно, тогаш самото излетува од своето гнездо, ширејќи ги крилјата. Нови контакти, врски и состаноци, со кои што ќе дојдете до својата цел. Сепак, најдете време за себе и хранете се правилно: нови диети.

ВОДОЛИЈА: Поставени се темелите на некои важни потфати, но за сега може само да чекате и да се надевате дека сѐ ќе се движи во вистинската насока. Многумина би сакале да ви се придружат, затоа вклучете ги и не запирајте: работете истрајно кон заедничката цел и не ризикувајте. Формирајте јасни закони, идеи и правци и следете ги до крај.

РИБИ: Чувството за вина може да произведе темни сценарија и штом забележите кај себе си такви шеми на размислување, запрашајте се дали сте на вистинскиот пат: брзо сменете го правецот и кредото. Користете ја својата експертиза и знаење, посветувајќи им се на проектите кои што бараат внимание. Грижете се подобро за здравјето.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]