Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Денес ќе треба да бидете порезервирани: ако самите си стварате митови, со време ќе научите дека тие не ѝ одговараат на вашата совршена замисла. Оладете се малку и најдете време за себе, не придавајќи им преголема важност на секојдневните случки: работите се поедноставни отколку што изгледаат. Одморете се.
БИК: Се чини дека се будите од долг сон, при што треба да се изборите со илузијата: не верувајте им на работите на прв поглед, туку барајте подлабоки значења. Ќе дојдете до саканите резултати малку подоцна, особено ако вложите напор да бидете весели: останете флексибилни и не обидувајте се да делувате со текот на настаните.
БЛИЗНАЦИ: Ако сакате да добиете одговор на некое важно прашање, најдобро ќе биде да ѝ се обратите на интуицијата: залагајќи се да го чуете сопствениот глас, ќе избегнете да направите грешки. Ослободете се малку и бидете разиграни, имајќи верба и оптимизам: верувајте дека ѕвездите кријат одговор за вас и тоа ќе се случи.
РАК: Започнувате нова работна мисија, но ќе треба да се обидете да не привлекувате преголемо внимание врз себе си, бидејќи сѐ може да тргне наопаку: затоа најважно е да сте трпеливи. Симнете се малку од пиедесталот и ќе успеете да дојдете до емоционална сатисфакција. Одличен ден за реорганизајција и чистење.
ЛАВ: Ова е продуктивен ден што се однесува на креативните потфати, во кој што ќе успеете да воспоставите нов ред и методи на професионален план: работата цути, вие сте радосни и можна е промоција. Оставете го стравот, неспокојството и сомневањата во минатото и нема да чекате долго за да ги остварите своите желби.
ДЕВИЦА: Подгответе се да славите, бидејќи штом ќе ги земете работите во своите раце, ќе започнете да управувате со својата судбина на волшебен начин: поддршка од странските пријатели, кои што ќе ве инспирираат да го проширите своето разбирање за светот. Некои промени не се бучни, туку тивки и едноставни, но содржајни.
ВАГА: Ако сакате да постигнете баланс во надворешниот свет, ќе треба првин тоа да го направите во себе си: имате токму онолку мир, колку што самите си го дозволувате. Никој не може да ви се качи на глава, ако не му дозволите: љубомората е илузорна сила која што ви го краде мирот. Бидете љубезни и надраснете ја!
СКОРПИЈА: Ако треба да се разделите од некој, ќе бидете тажни, но сфатете го тоа на филозофски начин: сѐ има своја подлабока смисла и некои работи е најдобро да останат во минатото. Можеби губите верба во своите сили, со што делувате врз својата судбина. Кажете си дека сѐуште имате енергија за уште многу битки и ќе успеете.
СТРЕЛЕЦ: Конечно собирате сила да се запрашате што е она што стагнира во вашиот живот и на што му треба прочистување: можеби ќе заплачете, но не заборавајте ги своите мечти кои што потоа ќе ве доведат до лидерска позиција. Разумот си има своја логика, душата делува по други принципи: најдете повеќе љубов во своето срце!
ЈАРЕЦ: Ако сакате да успеете, ќе треба да го надминете вродениот песимизам и да научите што значи тоа радикална доверба: на тој начин ќе дојдете до прекрасни резултати и просперитет и ќе ѝ олесните на сопствената душа. Останете понизни и не дозволувајте си да ве заведе успехот. Верувајте им на мистичните пораки.
ВОДОЛИЈА: Животот е енигма која што на сите им го поставува истото прашање: што е вистина? Доаѓате до пораки кои веројатно ги чекате долго време. Секоја има свое значење, но најважна е онаа која што извира од вашиот центар: дали сте подготвени да се соочите со неа? Како размислувате за својот свет, такви резултати ќе добиете.
РИБИ: Со коригирањето на приоритетите доаѓате до привилегирана позиција: во вас лежи огромен потенцијал, дури и да не верувате во тоа. Можеби никој не ви го кажал тоа директно и затоа истражувате вон себе. Средба со личности на важна позиција, кои што ќе ви помогнат да го постигнете своите цели и амбиции: денес е вашиот ред!
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ