Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Одвреме-навреме со здобивате со инспирација, која што потоа треба да ја остварите во дневната рутина: обрнете внимание на комуникацијата во непосредната околина, ако сакате да ги искористите овие поволни влијанија. Потребно е да ја имате на ум крајната цел ако сакате да ја смените реалноста: скриени пораки од сите страни.
БИК: Денес се откривате себе си во ново светло: како да сте пред некој древен замок, чии што зидини допрва треба да ги освоите. Соочени со мистериозни сили, сфаќате дека почетокот и крајот се веќе поставени, а сѐ што треба е да ги доработите деталите: тука лежи вашата сила, умешност и магија, со кои што ќе откриете нови шеми за работа.
БЛИЗНАЦИ: Се чини дека се соочувате со бариера која што ви е тешко да ја минете: добро ќе биде да се запрашате коку навистина се сакате самите себе и какви се вашите уверувања? Секој конфликт меѓу разумот и душата се рефлектира во надворешниот свет и му одзема сила на карактерот. Вие сте прекрасно битие и нема потреба да ги критикувате другите.
РАК: Кога ќе разберете дека сте си самодоволни, ќе успеете да креирате нова реалност за себе: можеби се плашите дека ќе ја изгубите врската со некоја драга личност, но стравовите се фантоми кои што ја крадат духовната моќ. Знајте дека имате доволно сила да живеете како што сакате, но ако само бидете нежни со себе си и со своите блиски.
ЛАВ: Ако дозволите во животот да бидете водени само од логичната страна, ќе пропуштите многу убави шанси: откријте го светот на имагинацијата и мечтите и така ќе добиете предност. Плоден период во кој што ќе успеете да ги проширите своите дејности, особено во областа на домот: работете вредно и систематски и ќе ја постигнете целта.
ДЕВИЦА: Ова е креативна и инспиративна фаза, во која што се ослободувате од чувството за вина: неочекувано се појавуваат шанси кои што ветуваат многу, за кои што ќе треба да создадете нови навики. Нема потреба да се убедувате, бидејќи не должите никому ништо. Со време ќе се навикнете на новите стандарди и ќе ги отстраните проблемите: идеите успеваат!
ВАГА: Бидете благодарни бидејќи сѐ се одвива онака како што сте си замислиле: шармантни и заводливи, успевате да ги освоите срцата на сите наоколу! Имате силна волја и знаете дека сте водени од повисоки сили, со што ќе успеете да ја покажете професионалната компетентност. Во однос на здравјето, добро ќе биде да направите дентална анализа.
СКОРПИЈА: Смирете ги своите страсти, особено кога станува збор за новите работни проекти: ако сакате да постигнете просперитет, ќе треба да работите методично и внимателно, како да везете самовилски гоблен. Тоа не го може секој, затоа обрнете внимание на рутинските задачи: чудата се случуваат со конкретно управување на реалноста и доза на хумор.
СТРЕЛЕЦ: Дури и да се качите на највисокото место, нема да успеете да се сокриете од она што треба да го сработите: со што и да се занимавате, ќе бидете ефикасни само ако имате доволно оптимизам и верба во она што за што се залагате. Разберете ја важноста на оваа порака и соочете се со непознатото. Внимавајте на своето здравје и сакајте се повеќе.
ЈАРЕЦ: Интензивни емоции и страсти: не настојувајте другите да постапуваат како вас и дозволете им поголема слобода. Прифатете ги сите свои ситни несовршености и ќе успеете да ги коригирате: на тој начин ќе дојдете до внатрешни откритија и ќе знаете како е правилно да постапите. Нова инспирација, откритија, развивање на технички способности и сила.
ВОДОЛИЈА: Сакате да постигнете поголема сигурност во животот, но сега не е време да превземате екстра должности, бидејќи би можеле да си предизвикате страв од неуспех. Ако останете фокусирани на целта, а во меѓувреме се грижите за себе, својата добросостојба и дом, вратите на успехот самите ќе ви се отворат и средствата ќе дојдат самите од себе.
РИБИ: Треба да бидете свесни какво влијание имате врз останатите: дали ги забавувате своите пријатели или ги растажувате? Имајте во предвид дека сите луѓе страдаат од исти несовршености и еден момент се горе, додека другиот момент сте веќе долу. Ако сакате да живеете како секој ден да е празник, така и треба да се однесувате: бидете весели!
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ