Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Условите бараат да се погледнете себеси низ очите на другите, а најдобро ќе биде ако ја покажете својата решителност, храброст и дисциплина: на тој начин нема да оставите погрешна импресија за самите себе и ќе успеете да загосподарите со ситуацијата. Доведете ги размислувањата и постапките во баланс и креирајте ја својата реалност.
БИК: Следете го добро темпото на денот и ќе откриете како е најдобро да постапите: кога да се наметнете, а кога да се повлечете и да постигнете баланс. Погледнете ја фактичка ситуација со нови очи и ќе успеете да направите промена, а потоа и да се релаксирате. Сега имате за задача да се запрашате што навистина сакате длабоко во срцето и да го побарате тоа.
БЛИЗНАЦИ: Во принцип, ништо не може да се оствари ако нема соодветен баланс: запрашајте се што чувствувате и што би сакале да креирате во материјалната реалност. Откривате многу пораки и информации со сокриено значење кои што ќе ви покажат како да ја активирате енергијата и да ја постигнете својата цел: опуштете се и дајте си поголема слобода.
РАК: Ова е период за нови почетоци кога тешкотиите се отстрануваат на волшебен начин: не мерете се со околината, бидејќи би можеле да го зголемите чувството на инфериорност, туку откријте ги своите ретки и неброени таленти. Сè што се случува сега е исклучително важно, особено во областа на домот: ценете го повеќе она што го имате. Среќа.
ЛАВ: Убави покани кои доаѓаат неочекувано: ова е ден за друштвени настани или за краткотрајни патувања, а со што ќе успеете да постигнете нов животен стил. Тензијата се намалува и можни се награди од финансиски карактер, како и промоција или размена на подароци. Отфрлете го сето она што ви тежи на плеќите и ќе ја реставрирате енергијата.
ДЕВИЦА: Бидете нежен учесник на сето она што се случува околу вас: оставете го светот да се движи според својата приказна и набљудувајте го движењето како искусен професор кој што го бодри својот студент во вистинската насока. Верувајте повеќе и удрете им шлаканица на стравовите, бидејќи тие се со илузорен карактер. Имате богати ресурси.
ВАГА: Имате моќен и активен ум, како и волшебно знаење за своите сопствени капацитети: знаејќи го ова, ќе се трудите со сите свои сили да ги остварите своите благородни идеи и да излезете од затворениот круг формиран од погрешни уверувања. Витални, атрактивни и шармантни, успевате да ги освоите туѓите срца. Решавање на легални проблеми.
СКОРПИЈА: Проблемите се распрснуваат како балон од сапуница и дилемите излетуваат низ прозорецот како црни птици: на тој начин љубовта сама ќе тропне на вашата врата и ќе успеете да го постигнете својот идеал. Не обидувајте се да постигнете квантитет, туку квалитет и живејте во склад со своите принципи: промените се поволни. Имајте верба.
СТРЕЛЕЦ: Не намалувајте ги своите амбиции само поради некоја здодевна и дрска личност: зачекорете на црно-белото поле како владетел и бидете она што сте, не стеснувајќи се ниту малку. Отсекогаш ве учеле какви треба да бидете и кон што да стремите: сега сте во ситуација да креирате свои сопствени закони. Уживајте во својот свет и бидете храбри.
ЈАРЕЦ: Најважната вистина е сокриена длабоко во самите вас и ќе ја откриете само ако сте расположени да растете: што и да размислувате, такви ситуации и ќе привлекувате, како на некој начин и самите да ги проектирате. Додека чекате, откријте што ви се врти во главата и обидете се да се фокусирате на убавите нешта. Соработка со стручни лица.
ВОДОЛИЈА: Денес доаѓате до значајни откритија со кои што ќе го разгледате минатото на нов начин: запаметете дека не сте сами и ќе добиете нова шанса да учите за својот свет. Одржете ги мислите и душата во баланс и постапувајте како што сметате дека е нужно, без да се огледате во општото размислување. Најважно од сè е да не се лажете самите себе.
РИБИ: Ако сакате да постигнете совршена врска во која постои реципроцитет, ќе треба да се откажете од тесноградоста: направете инвентар на своите мисли и поврзете се со саканите на уникатен и чист начин. Развивајте ги своите таленти и насочете ги мислите кон она што сакате да го остварите: бидете спокојни бидејќи инвестираното ќе ви се врати.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ