Хорор на плажа во познато одморалиште: Ајкула распарчила човек пред капачите


Руски државјанин во четвртокот бил растргнат од ајкула во Црвеното Море во близина на брегот на Хургада, Египет. 

Нападот го потврдија египетските власти, а генералниот конзул на Руската Федерација во Хургада, Виктор Воропаев, го потврди идентитетот на 23-годишната жртва која загина во напад од ајкула во четвртокот околу 15 часот по локално време, пренесува ТАСС.

Ајкулата го распарчила човекот пред шокирани сведоци. Нападот се случил на плажата на хотелот Дрим Бич.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, човекот накратко се бори со ајкулата, која го исфрла од водата и на крајот го влече под површината. Се слушаат и гласовите и врисоците на шокирани луѓе на плажата.

Убиен е Попов В. Ју., роден 1999 година, кој не бил турист во Египет, туку постојан жител, рече Воропаев, додавајќи дека конзулатот е во постојан контакт со полицијата и Службата за национална безбедност на Црвеното Море, пренесе Дневник.хр.