Холивуд во Беверли Хилс: „Ел“ ги собра најмоќните жени
САД– Ноемвриското издание на „Elle“ е во знакот на силните жени од Холивуд, од сите генерации кои импонираат со изгледот, кариерата и не потклекнуваат на предизвиците кое ги носи новото време.
Никол Кидман (52), кантри ѕвездата Доли Партон (73), Гвинет Палтроу (47), Скарлет Јохансон (34), Натали Портман (38) и Зендаја (23) позираат за специјалните фотосесии, облечени во дизајнерски парчиња.
По тој повод, во Беверли Хилс вчера се одржа традиционалната вечер на магазинот „Ел“, насловена како „Жените во Холивуд“.
Секоја година, оваа по 26-ти пат, им се оддава почит на дамите кои со својата професија, активност и дејствување претставуваат инспирација, мотивација и поттик за другите. Овој пат, настанот беше во организација на Ралф Лорен и „Лексус“.
Црвениот килим беше во црна боја, а холивудските актерки избраа или костуми или долги тоалети, со потпис на Ралф Лорен.