Холандската влада ќе им ги намали на граѓаните сметките за енергија, вложува три милијарди евра


Холандската влада ќе ги надомести зголемените сметки за енергија на домаќинствата со приближно 400 евра во просек, објави во петокот весникот „Де Телеграф“, повикувајќи се на владини извори.

Се очекува владата да одвои повеќе од три милијарди евра за намалување на даноците за енергија за приближно осум милиони домаќинства во Холандија, пишува „Де Телеграф“.

Владата, исто така, има намера да потроши 150 милиони евра за субвенции за изолација на домови, кои ќе бидат доделени во форма на ваучери, додаде телевизијата НОС.

Холандија со децении има корист од обилното снабдување со ефтин природен гас од големото поле Гронинген на северот на земјата, но експлоатацијата ќе престане следната година за да ги ограничи сеизмичките ризици во регионот.