Херцеговина опустошена од екстремна бура со суперкелиски елементи (видео)


Голема бура и град ја погодија Херцеговина во вторникот, а според објавените фотографии, градот бил со големина на орев и предизвикал голема штета.

– Она што може да се каже во овој момент, или во првите моменти по таа бура, е дека штетата е огромна, дека изнесува милиони, изјави градоначалникот на Невесињ, Миленко Авдаловиќ.

Најмногу настрада селото Братача, каде што земјоделските посеви беа целосно уништени, пишува Klix.ba.

– Луѓето пријавуваат штети на згради по бурата. Штабот за вонредни ситуации ја разгледува ситуацијата на терен, па ќе реагираме соодветно, рече Авдаловиќ.

Тој додаде дека населението на Херцеговина веќе пријавува штети на имот и станбени згради.

– Невесиње не се сеќава на нешто слично, Херцеговина беше опустошена од бура… Мислам дека во последните 50 години ништо не се памети како ова, изјави Авдаловиќ за RTRS.

Како што објави N1 БиХ, тоа беше бура од суперќелии.

Министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство на ентитетот на БиХ Република Српска, Анѓелка Кузмиќ, денес ги посети подрачјата на Херцеговина погодени од силната бура, јавува РТРС.

Околу 40 земјоделски домаќинства беа оштетени во Берковиќи, додека во Невесиње штетата врз посевите, станбените згради и возилата се мери во милиони евра.

Властите велат дека, со поддршка на Владата на РС, ќе се најде решение за помош на ранливите домаќинства.