“Head High” на Крили Џајковски како најава за новиот албум


Најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски има нов материјал. Неговиот нов албум “Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години.
Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е
достапен првиот сингл “Head High”. Песната претставува уникатен спој на хипхоп и
драменбејс, а на неа Џајковски е придружуван од редовната соработничка и
миленичка на македонската публика, TK Wonder. “Head High” е актуелна, ангажирана
песна, која се занимава со универзални теми, како соочувањето со предрасудите,
вербата во себе и борбата против нееднаквоста.
Иако досега не беше објавена, “Head High” за кратко време стана една од
омилените песни на фестивалските настапи на Џајковски и е секогаш одлично
прифатена од публиката. Токму поради тоа е избрана да биде прв сингл од албумот
“Memory Paradox”.
Новиот сингл на Кирил Џајковски и TK Wonder, ”Head High”, може да се слушне
и преземе од следниов линк: https://filterlabel.fanlink.tv/headhigh