Харви Вајнстин пуштен на слобода: Два милиони долари кауција за најмоќниот холивудски предатор


САД- Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин се согласи да понуди дополнително уверување дека нема да избега од случајот за сексуални напади. Уверувањата биле поднесени до обвинителите во Њујорк, кои се обидоа да ја зголемат кауцијата, откако тој, наводно, не носел електронска нараквица.

Обвинителите побараа кауција од 5 милиони долари за поранешниот холивудски продуцент, наместо првичните милион долари, но судијата Џејмс Бурк од Врховниот суд во Менхетен се согласи да го ослободи Вајнстин со кауција од два милиони долари, објави Ројтерс.

Вајнстин (67) користеше помагало за да влезе во судницата.

Неговата адвокатка, Дона Ротуно, рекла дека тој денеска ќе има операција на грбот. Судскиот процес е закажан за 6 јануари 2020 година, а Вајнстин би можел да се соочи со доживотен затвор, доколку биде осуден.

Вајнстин се изјасни дека не е виновен за сексуален напад врз две жени, едната во 2006, а другата во 2013 година.

Тој, исто така, ги негираше обвинувањата за злоставување на десетина жени, велејќи дека со нив е постигната согласност.