Харис: САД се апсолутно подготвени да изберат жена за претседателка


Потпретседателката на САД и претседателски кандидат Камала Харс изјави дека САД се апсолутно подготвени да ја изберат првата жена на оваа позиција.

Таа изјави за NBC дека има намера да ја сврти страницата, за нацијата која е осквернета од Доналд Трамп.

„Луѓето се исцрпени од Доналд Трамп и неговиот пристап, бидејќи сè се врти околу него“, истакна таа.

Но, Трамп во Северна Каролина рече дека овие избори се навистина одлука помеѓу „да имаш уште четири години неспособност, неуспех и катастрофа или да ги започнеш четирите најголеми години во историјата на земјата“.

За стравот дали Трамп ќе ги признае резултатите доколку повторно загуби, Харис рече дека се подготвени и за сценарио во кое Трамп предвреме ќе прогласи победа.