Хари Стајлс со четири номинации за „Брит-наградите“ на 11 февруари: Еве ја целата листа


Англија– Номинациите за овогодишните „Британски музички награди“ (Brit Awards) предизвикаа лавина коментари на интернет, откако ниту една жена не беше номинирана во категоријата „Најдобар изведувач“. Во трката за тоа признание се Стормзи, Централ Си, Фред Аген, Џорџ Езра и Хари Стајлс.

„Брит-наградите“ одлучија да ги укинат родовите категории од 2021 година, заради поголема „инклузивност“, што беше поттикнато и иницирано од пејачите Сем Смит, Вил Јанг и неколкумина други. Сем Смит, кој се изјасни како небинарен во 2019 година, па таа година автоматски беше исклучен од категоријата за најдобар машки изведувач, и покрај тоа што беше успешен уметник кој, според многумина, заслужи да биде во трката за главната награда.

И, иако Адел беше почестена со првата родово неутрална награда лани, многу корисници на интернет-просторот сега ги повикуваат организаторите да размислат за додавање уметнички како Чарли Екс-си-екс и рок-составот „Флоренс енд д машин“ на листата номинирани.

Претставничка на организаторите на „Брит-наградите“ одговори со објаснување дека минатава година имало нешто помалку жени на врвот на музичката индустрија кои објавиле нови албуми. Имено, за да бидат во трка за одличјата, изведувачите мора да имаат најмалку еден албум или два топ 20 синглови објавени меѓу 10 декември 2021 и 9 декември 2022 година.

И во категоријата за албум на годината, иако има повеќе жени како нови изведувачки, четворица од петте номинирани се мажи.

Организаторите, наводно, имаат намера да ја преиспитаат одлуката за родово неутрални награди по годинашната свеченост на доделувањето на признанијата на 11 февруари. 

Поп-суперѕвездата Хари Стајлс и инди-дуото Wet Leg имаат по четири номинации. Тие ќе настапат на сцената, вклучувајќи ги Стормзи, Лизо, Кет Брнс, Сем Смит и Ким Петрас, Дејвид Гета, Беки Хил и Ела Хендерсон.

Stormzy, The 1975, Cat Burns и Fred имаат по три номинации,  додека Сем Рајдер влегува во историјата како првиот евровизиски претставник кој бил номиниран за најдобар нов изведувач.

Комичарот Мо Гилиган ќе биде домаќин на доделувањето на наградите втора година по ред во лондонската О2 Арена во сабота, 11 февруари – првпат настанот да се одржи викенд во неговата историја.