Хаос во Тирана: Експлозии на влезот од градското собрание – молотови коктели врз полицајци (видео)
Граѓаните повторно се собраа пред просториите на Општина Тирана, каде се одржа нов протест на кој се бараше оставка од градоначалникот Ерион Велиај, јавува VoxNews.
Тензиите се зголемија по говорите на претставници и активисти на опозицијата. Овој протест започна со факели и молотови коктели.
The opposition in #Albania is protesting for the second month in front of the Municipality of #Tirana. They demand the resignation of the Mayor #ErionVeliaj as they accuse him of corruption on at least 3 occasions. pic.twitter.com/cNQmqwX0IB
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) May 28, 2024
Демонстрантите фрлаа молотови коктели во правец на влезот на градското собрание на Тирана, а пред нив стоеја десетици полицајци.
За среќа, молотовите коктели не ги погодија полицајците, туку експлодираа на влезните скали на Градското собрание.