Хаос во Словачка: Граѓаните на улица, полицијата со солзавец ги растеруваше
Интервентната полиција испали солзавец на стотици демонстранти кои го блокираа влезот во зградата на парламентот на Словачка.
Некои демонстранти извикуваа: „Предавство“, а еден носеше натпис „Стоп за корона фашизмот“, поради законот со кој на вакцинираните против Ковид-19 им се овозможува полесен пристап до настани и простории, така што и во треговски центри може да се влезе со дигитален сертификат.
Владата на овој начин, со ваков закон се надева дека ќе ги мотивира луѓето да се вакцинираат.
„Преземаме мерки да ги заштитиме своите граѓани, па така и на демонстрантите“, рече премиерот Едуард Хегер.
Некои демонстранти беа завиткани со националното знаме или мафтаа со нив пред парламентот во Братислава.
Една полицајка е полесно повредена, пренесуваат медиумите.
Протестот е продолжен мирно и на крај се намалија луѓето, по интервенција на полицијата.
Членка на Европската унија, со 5,5 милиони жители, Словачка се бори за тоа луѓето да се вакцинираат против Ковид-19.
До четвртокот потполно се вакцинирани 34,9 отсто од жителите, покажуваат податоците.
Тоа е една од најниските стапки на вакцинирани по глава на жител во ЕУ.
Некои опозициски партии јавно се противат на вакцинацијата, меѓу кои и онаа поранешниот премиер Борис Фиц, кој рече дека нема да се вакцинира.