Хаос во Северното Море: Се судрија товарен брод и танкер


Товарен брод и танкер се судрија во Северното Море кај брегот на Јоркшир, јави Би-би-си.

На местото на настанот се упатиле чамци за спасување и противпожарни екипи, а во тек е спасувачка операција на крајбрежната стража.

Во акција е и хеликоптер на крајбрежната стража. Два различни извори запознаени со несреќата изјавија за Би-би-си дека танкерот кој учествувал во судирот бил во пламен.