Хаос во Америка: Милион луѓе без струја поради зимска бура


 

Речиси милион луѓе ширум САД се без струја поради снежна зимска бура. Загина еден пожарникар во Мичиген, а севкупно 13 милиони се на удар на невремето.

Поручникот Иран Квилен,28-годишен пожарникар, од доброволното противппожарно одделение загина откако го удриле жици од електровод под напон додека одговарал на повик во средата вечер, велат надлежните од сујузната држава Мичиген.

Речиси милион луѓе во САД беа без струја во четвртокот попладне поради снежната бура, а најпогодена е државата Мичиген, каде повеќе од 820.000 домови и претрпијатија беа без електрична енергија, објави „Гардијан“.

ДТЕ, еден од најголемите добавувачи на електрична енергија во Мичиген, пријави голема штета на електроенергетската инфраструктура поради големи количества мраз, како и дека се соборени повеќе од 2.000 далноводи.

На запад, бурата исто така донесе снег ширум Калифорнија и предизвика први предупредувања за снежна бура во последните неколку децении и тоа за планинските подраќја на округот Лос Анџелес, Вентура и Санта барбара која ќе трае до сабота попладне.

Метеоролозите предупредија дека бурата ќе продолжи да донесува снег во западните делови на САД, како нво северните рамнини и Големите Езера.

Истовремено, делови од југот на САД ќе имаат рекордно топло време за ова доба од годината. со температури над 26 степени Целзиусови.