Кинески сајбер напади врз британското Министерство за одбнрана


Кинеската влада извршила неколку сајбер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана кој содржи приватни информации за воениот персонал, објави британски Скај њуз. Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

 

– На потешкиот начин учиме како уметноста на војување бргу се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибернапад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО – рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.