Хаос и бирократија – Британците дури сега сфаќаат што значи Брегзит
Тие не си ги замислуваа така последиците од Брегзит. Британските претпријатија се шокирани од трговските огради и бирократијата по излезот од ЕУ. Стручњаците очекуваат прилагодувањето да трае со години
Мала сцена во пристаниште во Холандија подобро го објаснува Брегзит од бројните политички изјави во изминатите месеци. Еден цариник му го одзема на британски возач пакетчето со сендвичи завиткани во алуминиумска фолија.
„Во ЕУ веќе не смеете да внесувате одредена храна како месо, овошје, зеленчук, риба и слични работи“, му објаснува цариникот на шокираниот возач. Може ли да го задржи барем лебот намачкан со путер, ако ја извади шунката, прашува патникот. „Не, сѐ се одзема. Добредојдовте во Брегзит, жалам…”, одговара цариникот.
Линк до целиот текст на Дојче веле тука