Хамас испука 130 проектили кон израелска територија, сирени за тревога се огласија во Тел Авив
Хамас соопшти дека истрелал 130 ракети кон Израел денеска, вклучително и кон центарот на државата, како одмазда за ударот врз повеќекатницата во Газа. Во Тел Авив се огласија сирените за тревога, јавија израелските медиуми.
Групата соопшти дека нивниот напад е одговор на израелското гранатирање на кулата ал-Шоурук.
אומייגאד. לינץ בשידור חי בכאן. בת ים. pic.twitter.com/zjl3UTWuAF
— Khen Elazar (@KhenElazar) May 12, 2021
Израелски медиуми јавија и за убиено шестгодишно дете во напад на Хамас со ракети во градот Сдерот. Проектилот погодил станбена зграда при што се повредени мајката на детето и уште четири други лица.