Хакерски напад на здравствениот систем на Ирска: Бараат откупнина, дел од клиниките не работат


 

Ирската здавствена служба привремено го исклучи својот информатички систем поради „ransomware напад“.

Наведе дека ги презеле сите мерки за претпазливост и ги угасила сите свои системи за да може детално да ја проучи ситуацијата, пишува Би-би-си.

Родилиштата ги откажаа прегледите

Ирската национална телевизија јави дека даблинската болница „Ротунда“ декеска ги откажала амбулантските прегледи и дека сите гинеколошки клиники привремено престанале со работа.

Телевизијата додава дека итните пациенти нема да имаат проблем со достапност на недицинска услуга.

Од родилиштата, исто така, порачаа дека се откажани сите амбулантни прегледи, освен ако идните мајки не се најмалку во 36-тата недела од бременоста.

Напад со откуп

Од здравството им се извинија на сите пациенти и на граѓаните, а дополнителни информации ќе има штом тие бидат достапни.

Ransomware е вид компјутерски вирус кој се заканува со бришење на податоците ако не се плати откуп.