Хајко Мас: Авганистан нема да добие ни цент, ако талибаните воведат шеријатски закон
Германија нема да дава финансиска поддршка за Авганистан ако талибаните по преземањето на државата воведат шеријатски закон, рече денеска германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.
„Даваме 430 милиони евра секоја година, но нема да дадеме ни цент ако талибаните ја преземат државата и воведат шеријатски закон“, вели Мас за ЗДФ.
Авганистанските сили се борат против талибаните, кои освоија поголем дел од територијата на државата. Американските разузнавачи веруваат дека во следните 90 дена може да ја освојат и престолнината Кабул.
Талибаните за шест дена освоија голем дел од земјата, односно осум провинциски престолнини во Авганистан, со брзина која ги изненади американските власти.
Сега контролираат 65 отсто од авганистанската територија, а се закануваат да освојат 11 провинциски средишта, рече во вторникот европски функционер.
германската министерка за одбрана во понеделникот ги отфрли повиците нејзините војници да се вратат во Авганистан откако талибаните го освоија Кундуз, град во кој германските сили беа стационирани 10 години.
Германија го имаше вториот најголем воен контингент во Авганистан по САД,а некои членови на конзервативната партија, на која припаѓа и минстерката Анагрет Крамп-Каренбауер, бараат германските војници да учествуваат во интервенција против талибаните.