Гугл инвестира милијарда долари во зделки со медиумски партнери
Гугл планира да инвестира милијарда долари во партнерства со информативни медиуми ширум светот за развој на апликацијата Showcase, чија цел е промовирање на нивните информации, соопшти извршниот директор Сундар Пичаи.
– Овој финансиски ангажман, наш најголем досега, ќе им плати на новинарите да создаваат и управуваат со висококвалитетни содржини за различни видови на онлајн медиуми, рече Пичаи.