Груби одбил да гласа за претседател


Вицепремиерот Артан Груби на излегувањето од гласачкото место одговори на новинарите дека  не гласал за претседател на државата.

„Не гласав за претседателските бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во Северна Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните но не и за претседателските избори“, рече Груби.

Груби го емитуваше во живо неговото гласање. Тој со видео на Фејсбук покажа дека гласа само на претседателските избори. Во видеото јасно се гледа дека на членовите на комисијата им кажува дека ќе гласа на парламентарите избори, а потоа на снимката се гледа и дека става ливче само во кутијата за паралментари избори.