Грозев за мешањето на Москва: Тие што трујат свои граѓани нека не даваат совети


„Демагогијата на руската дипломатија – ова „тролање“ што го прават е 
нивната нова стратегија. Нивните дипломати во еден ист ден ги критикуваат западните земји затоа што изразуваат мислење за тоа што се случува во Русија и го нарекуваат мешање во внатрешни работи, а потоа интервенираат во истите
внатрешните работи на другите земји, како што прават со Бугарија “.

Ова е коментар на бугарскиот новинар Христо Грозев од истражувачката новинска страница Белингат, која го истражуваше труењето на лидерот на руската опозиција
Алексеј Навални.

„Оваа земја се врати во сталинизмот.Оваа земја ги убива своите граѓани. Затоа, таа не може да биде модел на однесување и да дава совети на никого.Затоа што тие не се ништо подобри од Северна Кореја. Значи, главниот одговор во комуникацијата со
Русија мора да биде – немојте да ни давате совети кога ги убивате своите граѓани “, порача Грозев за бугарското национално радио.

Тој ги коментираше новите откритија на истражувачките новинари во Белингат, кои наводно докажуваат дека новинарот Тимур Куашев, активистот за човекови права Руслан Магомедрагимов и водачот на движењето „Нова Русија“ Никита Исаев биле убиени од истите офицери на ФСБ кои се обидоа да го отрујат Алексеј Навални.

„Како се случи убиството на Тимур Куашев? Тој беше новинар од черкеско потекло и живееше во Кавказ. Беше еден од најсилните гласови на локалното новинарство – блогер што пишува за локалното население, фокусирајќи се на малцинските права и  шемите за корупција на локалната власт. Објави тврдења дека локалните структури на ФСБ ги мачат затворениците.
Тимур Куашев почна да пишува и на Фејсбук против владата на Владимир Путин, со порака дека актуелната власт мора да се смени наскоро и да има слободни избори. Тој исто така ја критикуваше надворешната политика на Русија. Општо, тој создаде многу предуслови за да се налути владата. Еден ден групата за труење пристигна во неговиот град Налчик. Вечерта заминал во театар да го гледа настапот на неговата мајка. Сведоците велат дека некој го сретнал на улица, го поканил на
разговор. Тој заминал и неговото тело беше пронајдено следното утро со траги од инјекција под пазува. Една од најстрашните работи што ја откри истражувачката мрежа е дека заклучокот за неговата смрт бил дека била природна и дека нема отровни материи во неговата крв. Но, анализата на  вештачењето е направена од лабораторијата што се занимава со убиства во Москва. Другата шокантна работа е што според откриените податоци, просечниот број на жртви на оваа група за
труењата е од четири до шест лица годишно. За среќа, не починаа сите, но беа цел.Но, ова се луѓе од опозиција, новинари, блогери …
Досега докажавме дека тројца беа убиени,а  работиме на уште два случаи на затруени, кои не починаа и се многу познати луѓе во Русија. 

Групата трујачи е поголема од оној што го труеше Навални, но во неа има клучни луѓе, без кои операциите не се случуваат.Три лица се совпаѓаат со трујачите на Навални и со оние од нашите нови откритија. За Навални беа ангажирани осум лица, а во случајот со овој новинар имаше само четири. И три од нив се совпаѓаат.
Тоа се двајца лекари и еден хемичар – Осипов, Александров и Кудријавцев.
Дали е можно Владимир Путин да не знае за групата трујачи и за „палатата“?
Секако дека не е можно. Но, последиците од ова прашање се поважни. Очигледно е дека тој знае дека никој нема да верува во неговите одговори дека не знае, бидејќи тоа значи да признае дека како лидер нема моќ и информации. Овие случувања значат дека тие целосно се потпираат на методите на сила, а тоа се гледа низ масовните апсења на луѓето за време на минатонеделните протести – ги уапсија со
аргументот дека демонстрациите не се во согласност со антиепидемиските мерки. Тие не сакаат да убедат никого, тие сакаат да го заплашат населението. Ова е последна фаза од распадот на диктатурата.Но, нашите истраги продолжуваат да ги откриваат размерите на бруталноста на режимот. И Русија тоа нема да го заборави. Путин ја загуби и политичката пасивност на една третина од населението, што е клучно за изборите. Сега тоа знае кој е лош а кој е добар. 

Процесите се исти и во Бугарија.  Само што нивото е различно бидејќи таа е членка на НАТО и ЕУ. Во Бугарија „новичокот“ (отровот)  е повеќе економски, а кај нив е егзистенцијален. Бугарското обвинителство исто така молчи за случајот (обидот за труење) на Емилијан Гебрев (бизнисмен кој ја снабдувал Украина со оружје), не бараат мотиви, не ја бараат Организацијата за заштита од хемиско оружје за анализа. Тоа е, обвинителството се чини избегнува такви теми, како и оние со гласот и фотографиите на премиерот. И многу е застрашувачки што општеството прифаќа недостаток на одговори на овие прашања, коментира Христо Грозев. 

реакцијата на Грозев уследи откако руската амбасада во Софија ги критикуваше оценките на преставничка на амбасадата на САД дека владата не прави доволно да се справи со корупцијата и дека недостига политичка волја за тоа, што непосредно пред изборите ги разгоре страстите во земјата.  

(Медијапул)