ГРК Охрид ја освои Атина – совладан Олимпијакос
Ракометарите на ГРК Охрид ја постигнаа и седмата победа сезонава во ЕХФ Европскиот куп откако попладнево во Атина го победија Олимпијакос во првиот четвртфинален натпревар со 31:26. Македонскиот претставник има максимален ефект во европскиот куп и седум победи од седум натпревари.
Ракометарите на ГРК Охрид од самиот почеток покажаа дека се подготвени за триумф и имаа целосна контрола над резултатот. Домаќинот Олимпијакос немаше ниту еднаш позитива и дуелот само три пати беше нерешен (1:1; 3:3 и 4:4). Охриѓани потоа ја зголемуваа предноста и во финишот на првиот дел имаа и +6 (14:8), а на полувреме беше 15:10 за македонскиот претставник.
Во вториот дел предноста на ГРК Охрид најчесто изнесуваше четири разлика, а свои моменти имаше и голманот Кристијан Пилиповиќ, кој го беше најпотребно имаше одбрани. Нападот функционираше и кога и да беше потребно, некој од составот на тренерот Ројевиќ нападот го завршуваше со гол, а Олимпијакос во неколку наврати намали на три разлика.
Најефикасен кај ГРК Охрид беше грчкиот репрезентативец Николаос Лиапис со 7 голови, а голманот Пилиповиќ имаше 15 одбрани. Најефикасен на дуелот беше Савас Савас од Олимпијакос со 14 голови.
Реваншот се игра на 4.април во СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.
На другите дуели од четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп: Цеље – Бузау 41:32 и Татабања – Нилфер 31:31, вечерва играат: Извиѓач – Карвина.