„Грин Машинс“ на „Брако“ го освојува и пазарот во Египет


GM 955 и GM 414 RS на „Грин Машинс“ од Велес се дел од разновидната програма на брендот што за првпат се испорачуваат во Египет.
„По успешното пуштање во употреба на овие машини, очекуваме и нарачки со зголемени количини“, велат одговорните.
Од техничките спецификации на GM 955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри. Ова возило работи на механички принцип за собирање отпад комбиниран со вакуум. Максимално е ефикасен за градска средина, аеродроми и индустриски зони. GM 955 го обединува најдоброто, затоа што механичкиот дел од системот овозможува собирање на отпад од секаков вид и најразлични димензии.
Со технолошки најсовремени производи, извозно ориентирани и со поголема додадена вредност како што се возилата и машините за чистење надворешни површини, со специфични и различни намени и развојот на нови дизајни, успехот е повеќе од евидентен.
„Грин Машинс“ први во светот го произведоа возилото за чистење на хидрогенски погон, серијата 400 ја збогатија со целосно електрично возило со иновативниот систем за рециркулација на воздухот, први копчињата ги заменија со панел на допир и единствено тие ја нудат можноста сите постојни „Грин Машинс“ електрични возила, да можат да се постават на хидрогенски погон.
Во моментов инженерскиот тим од Развој на „Грин Машинс“ работи на нови прототипни возила со имплементирање на нови решенија создавајќи единствени перформанси на овие технолошки најсовремени возила.