Грција загрижена за порастот на новозаболени

Властите на Грција изразија загриженост поради порастот на бројот на новозаболени од корона вирус, односно Ковид-19.
„Се лаже секој што мисли дека сме се оттарасиле од вирусот. Мора да бидеме претпазливи и да ги почитуваме мерките за спречување на ширењето на вирусот“, предупреди министерот за цивилна заштита Никос Нардалиас.
Грчките власти соопштија дека вчера се регистрирани 97 нови случаи на Ковид-19, додека од четвртокот починаа двајца, пренесуваат медиумите.
Речиси третина од 97 нови случаи се однесуваат на патници од странство, се наведува во соопштението на Министерството за цивилна заштита.
Во Грција од почетокот на пандемијата починаа 182 лица, а заразени се 3.049, се додава во соопштението.
Од 15 јуни двата најголеми аеродроми во Атина и во Солун, ќе примаат туристи од триесетина земји, повеќето од Европската Унија, со што почнува туристичката сезона, додека помалите аеродроми ќе бидат отворени на 1 јули.