Грција се подготвува за пречек на туристите


По 15 мај сите вакцинирани или со негативен корона-тест се повторно добредојдени во Грција. Во борбата против ковид владата во Атина се надева и на убаво време

По шест долги месеци карантин конечно дојде време за отворање: Грција се отвора според план во три чекори кој премиерот Кирјакос Мицотакис го претстави во телевизиски говор на 21.04.2021. Од 3 мај се отвораат рестораните, од 10 мај училиштата, а од 15 мај во земјата се добредојдени сите патници кои се вакцинирани или имаат негативен тест – за нив повеќе нема задолжителен карантин.

Кратко пред обраќањето на Мицотакис, беше соопштена актуелната загрижувачка Ковид статистика: 3015 новозаразени, 831 хоспитализирани на кислородна поддршка и 86 починати. Од почетокот на епидемијата во Грција 9713 лица починале како последица на вирусот.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука