Грција се подготвува за нови поплави


Властите за цивилна заштита во Грција испратија три пораки преку телефонската линија за итни случаи до жители во 35 села лоцирани во регионите на Лариса и Магнезија – да бидат на готовс, објави грчкиот весник „Катимерини“.На сателитиските снимки што ги објави медиумот се гледа обемот на оваа елементарна несреќа која , заедно со пожарите, ја уништува туристичката сезона во земјата.  

Стотици луѓе останаа заробени во своите домови во Тесалија, која го понесе најголемиот товар од бурата Даниел.

Поплавите ги однесоа домовите, уништена е витална инфраструктура, а уништени се и посевите на второто по големина обработливо земјиште во земјата.

Цивилната заштита во Лариса се обидува да ги зајакне насипите на реката Пиниос на периферијата на градот додека нивото на водата продолжува да расте.

Повеќе од 1.800 луѓе се спасени од областите погодени од поплавите низ Грција, соопшти противпожарната бригада.