Грчките медиуми неофицијално: Главен осомничен за убиството на Михаелис е Грк
Грчките медиуми објавија дека меѓу навивачите уапсени за хулиганскиот конфликт во Атина е и убиецот на 29-годишниот Михалис Кацурис.Тој наводно е Грк, навивач на Панатинаикос, кој на полицијата и бил познат по хулиганството. Како што пишува порталот СДА, се работи за човек кој ја одлежал затворската казна, а последните шест месеци е на условен отпуст.
Информацијата се уште не е официјално потврдена, а полицијата од осомничениот зела отпечатоци и ДНК.Како што пренесува агенцијата Спорт24, од досега извршеното вештачење е утврдено дека причина за смртта на 29-годишниот Михалис е неконтролирано крварење од длабока рана на подлактицата. Според достапните информации, на други делови од телото на 29-годишниот не биле констатирани повреди. Проценките укажуваат дека раната била нанесена со нож од типот карабит, додека младиот човек се обидувал да се одбрани.
Грчкиот портал Прототема пишува дека во фокусот на грчката полиција се 13 уапсени лица со криминално минато, меѓу кои би можело да има и убиец. Меѓу нив има девет хрватски хулигани, еден Албанец и тројца Грци. Кај 22-годишниот Албанец бил пронајден и нож на склопување.
Што се однесува до тројцата Грци, медиумите пишуваат дека станува збор за навивачи на Панатинаикос, со тоа што двајца се уапсени, а третиот е во бегство. Но и неговото име е во досието.