Граѓаните го „окупираа“ Ниш: „Завет за државата во која сакаме да живееме“

Ниш е местото на нови студентски протести во соседна Србија, а судејќи според снимките и фотографиите, станува збор за масовен собир.
Програмата во овој град утринава започна со прошетка, по што следуваше панихида за загинатите во Нови Сад, говори и настапи, додека крајот е планиран за околу три часа по полноќ со чистење на улиците.
Oko Niša kiša
a u Niš ⛽
narod da vidiš
🫣🥰🥰🤗
📽️ mediacentar_nis pic.twitter.com/l9G2FZiSeA— Миланк⭕ (@lemibrateu) March 1, 2025
На протестите, исто така, беше усвоен Студентскиот едикт, документ од специфичен карактер подготвен од студентите на Универзитетот во Ниш.
„Ние, студентите и слободните граѓани на Србија, се собравме во градот Ниш, во градот кој е сведок на нови идеи и промени, во град кој низ вековите бил крстопат на историјата и каде слободата отсекогаш го наоѓала својот пат, го донесовме овој указ со кој се прогласуваат вредностите за кои се бориме, како завет на иднината и државата во која сакаме да живееме на почетокот на овој документ.
Некои од деловите на документот се слобода, држава, правда, младост, достоинство, знаење…
Како што пренесува Нова.рс, на граѓаните им се обрати студентката Наталија Димитријевиќ од овој град која рече дека борбата за работата на институциите во Србија трае повеќе од 100 дена.
Собирот беше организиран по повод четири месеци од уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.