Градот Скопје има 30 милиони евра ненаплатен данок
Многу наскоро ќе се креира систем за репроценка на имот во Град Скопје, а тоа е проект поддржан од УНДП. Поради нередовната репроценка на имотите, Градот Скопје губи по 50 милиони евра годишно, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, а со овој нов систем тоа треба да биде исправено.
„Градот Скопје ќе си ги исполнува обврските, но и граѓаните треба да ги извршуваат своите, кон нас. Тоа значи да плаќаат данок. 30 милиони евра има неплатени даноци во Градот Скопје. Состојба за која никој не водел сметка, земајќи предвид дека кога се наоѓате во фаза на застарување на сметките, а не преземете дејствија за поднесување на платен налог, којшто би значел пресметка и на камата – правите кривично дело, односно свесно дозволувате да ете средствата се ненаплатени на градот. Имаме близу два милиона наплата за 30 дена“, рече Ѓорѓиевски во одговор на советничко прашање.
Тој појасни дека данокот на имот се плаќа на Градот и на општината, односно 50 отсто за едната и 50 отсто за другиот, а од друга страна „имаме најниски даноци во регионот“.