Градоначалникот Валбон Лимани започнува со реализација на три од 13-те проекти вредни 2,7 милиони евра


Општина Гостивар започна со реализација на капитални инфраструктурни проекти кои ги доби од првиот владин повик. Од тринаесет проекти, во три проекти веќе се започнати работите на терен. Една од нив е улицата „13“ пред музичкото училиште и која е поврзана со „ЈНА“.

Развојот на работите будно го следеше делегација од општина Гостивар, предводена од градоначалникот Валбон Лимани. Тој во оваа прилика објасни дека на овој патен правец се прошируваат работите од првичниот проект бидејќи ќе се замени водоводната цевка по целата должина на патот.

„Денеска излеговме на увид во работите на еден од 13-те проекти што ги добивме како грантови од Владата. Станува збор за патот „13“ каде покрај асфалтирањето што беше предвидено со проектите на Владата ќе ја замениме и водоводната цевка, ова е инвестиција од страна на општина Гостивар“, изјави Валбон Лимани, градоначалник на општина Гостивар.

Лимани најави и дека деновиве ќе почнат да се реализираат некои од најголемите проекти финансирани од Владата, како што се главниот булевар на градот и улицата „Беличица“.

„Работиме и на две други локации. Во моментов работите се одвиваат на старата улица Балиндол и на улицата „Никола Тесла“. Во наредните денови ќе се работи на уште три локации. Наскоро за две-три недели ќе започнат два од најголемите проекти, еден од населбата „Малеарди“ до мостот до Основниот суд и проектот со Светска банка што го имаме и што се прави благодарение на патот „Беличица““, изјави Валбон Лимани, градоначалник на општина Гостивар.

Поставувањето на новата водоводна цевка и асфалтирањето на патот „13“ се очекува да бидат готови до крајот на април. Таму стариот асфалт е отстранет и багерот на јавното претпријатие „Комуналец“ работеше на санирање на подземните инсталации од каде ќе минува водоводната цевка.

Инвестициската вредност на овој пат е 6,5 милиони денари, од кои 4,5 милиони се за асфалтирање и 2 милиони денари за новата водоводна цевка. Инаку, 13-те проекти што ги доби Владата од општина Гостивар се во вредност од приближно 2,7 милиони евра. Од вториот владин повик очекува да добие 40 нови проекти.