Градникот како модно парче : Прашајте ја Сара Џесика Паркер
Италија- Облечена во свилени пижами, под кои носи сексапилен корсет, таа изјави: „Време е за пижама парти“. Не би изгледала толку шик да не се сребрените штикли и дискретниот накит.
Славната актерка Сара Џесика Паркер (54), Кери од „Сексот и градот“ сега го промовира градникот како модно парче, а не како долна облека.
Лани стана бренд амбасадор на италијанската компанија за долна „Интисими“ и сеиозна се зафати за новата модна мисија.
-Многу е важно да се чувствувате пријатно и добро во својата кожа. Секој кој ги пробал овие градници се согласува. Комфор, силуета и невидливи линии, тоа е сѐ што бара секоја жена, вели Паркер.