Гори руска фрегата кај Змискиот Остров


На социјалните мрежи се појавија сѐ уште непотврдени извештаи дека кај Змискиот остров во Црното море гори руски воен брод.

Профилот LiveUaMap, кој ги следи судирите во украина во реално време, објави дека наводно гори руската фрегата “Адмирал Макаров“. Се наведува дека во тек е акција за спасување. Над фрегатата летаат повеќе воздухоплови, а во близина има повеќе спасувачки бродови, овјавија на Твитер.

Профилот OSINTDefender, кој на Твитер објавува информации собрани од отворени извори, наведува дека „се поверојатно е дека се точни тврдењата дека руската фрегата „Адмирал Макаров“ е погодена од украински противбродски проектил од типот „Нептун“.

Украинскиот парламентарен застапник Олексиј Гончаренко на својот Телеграм канал објави дека „Макаров“ е погоден со украински противбродски проектил од типот „Нептун“.

Додава дека брото е „тешко оштетен“, но и понатаму плови.