Гори Хвар
На островот Хвар во Хрватска, западно од Стариот Град во средата вечерта изби пожар кој го гасат пожарникари од земја и од воздух.
Од копно, на помош им пристигнуваат уште сили, вели командантот на противпожарната служба Иван Ковачевиќ.
Смета дека пожарот денеска ќе биде локализиран, иако гори густа шума и на места теренот е непристапен.