Гореше куќа во Кочани, спречено да се прошири на околните објекти

Куќа се запали во Кочани, а брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи катастрофа. Радио Кочани објавни снимки од кои се гледа дека се интервенира со две противпожарни возила. Неофицијално, пожарот е локализиран и е спречено да се прошири на околните објекти.
Досега, нема информации за повредени лица. На снимката се слуша паника меѓу луѓето кои се во непосредна близина.
Детали се очекуваат од МВР.