Горан Бреговиќ нов регионален амбасадор на УНИЦЕФ за Источна Европа и Азија
Србија– Легендарниот музичар Горан Бреговиќ е избран за нов регионален амбасадор на УНИЦЕФ за Источна Европа и Азија, а титулата му е доделена на усвојувањето на Конвенцијата на ОН за правата на децата, во рамките на 141. Заседание на Интрепарламентарната унија во Белград.
-Родители или не, нашата универазлна желба е да идните генерации имаат повеќе од нас. Мислам на подобри можности, мир и благосостојба. Среќен сум што како амбасадор ќе го користам својот глас како би помогнал во заштитата на децата, изјави по повод честа, Бреговиќ.