Големото враќање на Ансу Фати (видео)
Ансу Фати (18) се врати на теренот против Леванте, влезе во 81. минута, а десет минути подоцна постигна одличен гол, токму во стилот на неговиот идол од Аргентина.
„Барса има нов крал“ се насловите што можат да се најдат во шпанските медиуми, кои ja фалат играта на новата десетка на Барселона. Ла Лига дури го прогласи за играч на натпреварот, иако резултатот веќе беше извесен бидејќи Барса водеше со 2-0.
Сепак, добриот ден стана одличен за навивачите на Барселона во моментот кога Фати постигна гол. Момчето не играше од ноември минатата година кога беше тешко повреден на натпреварот против Бетис. Оттогаш поминаа 322 дена. Тогаш тој беше голема надеж, а сега го носи бројот десет, на најголемиот идол на навивачите на Барселона, пренесува Спортске новости.

„Благодарност до лекарите и сите што минаа низ ова со мене“, рече Фати по натпреварот. „Фановите беа неверојатни. Ние сме Барселона и мора да се стремиме да освоиме се, Ла Лига и Лига на шампиони, сите натпреварувања. Мораме да се бориме и да работиме за тоа. Горд сум што ќе го носам бројот десет после Лео. Благодарност до клубот за можноста“.