Големо откритие: Кинескиот ѕид е 300 години постар од што се мислеше


Најголемата градба во светот – Кинескиот ѕид – е 300 години постара отколку што се мислеше. Ова го покажуваат доказите пронајдени во Џинан.

За време на ископувањата во округот Чанџинг, Џинан, откриени се најстарите познати делови од Кинескиот ѕид, изградени за време на западната династија Џоу (1046-771 п.н.е.) и на почетокот на пролетниот и есенскиот период (770-476 п.н.е.), пренесува Arkeonews.

Истражувањето е спроведено помеѓу мај и декември минатата година на површина од 1.100 квадратни метри. Ова беше прво активно ископување на локацијата на Кинескиот ѕид во поранешната држава Чи.

Археолозите користеле мултидисциплинарен пристап, собирајќи не само традиционални артефакти, туку и растителни и животински примероци. Сите тие потоа беа испитани со користење на радиоактивен јаглерод C14 и оптички стимулирана луминисценција (OSL), што даде многу податоци.

Пронајден антички „Град на мртвите“: Совршено сочувана ФОТО
Пронајдено тело на римски војник старо 1800 години: Вознемирувачки е што му направија ФОТО

Кинескиот ѕид Чи е значаен дел од Кинескиот ѕид, едно од чудата на новиот свет. Тоа е најстариот и најдолгиот дел од структурата, долга вкупно 641 километар.

Џанг Су, водачот на проектот, објасни дека ископувањата дадоа многу докази дека ѕидот се гради во фази. Ископани се земјени градби, патишта, темели, јами, ровови…

„Археолошкото откритие го турка почетокот на изградбата на Кинескиот ѕид во периодот на Западен Џоу, што значи дека ова е најстариот дел од ѕидот. Ова е големо откритие“, изјави за Global Times Лиу Женг, член на Кинеското друштво за антиквитети.

Тимот предводен од Џанг Су открил и древна населба позната како Пинџин, која била спомната во историските извори.