Големите американски банки уплаќаат милијарди долари во фондот за осигурување на депозити
Големите американски банки треба да го преземат најголемиот дел од товарот за пополнување на фондот за осигурување на депозити откако ќе исплатат 16 милијарди долари на клиентите на пропаднатите Банката на Силиконската долина и Сигначр банк, соопшти државната агенција ФДИЦ.
Агенцијата за осигурување на депозити предложи да се наплаќа специјална провизија од 0,125 отсто за неосигурените депозити на заемодавците чиј имот надминува пет милијарди долари, врз основа на износот на неосигурените депозити на крајот на 2022 година.
Надоместокот теоретски треба да го платат сите банки, но во пракса повеќе од 95 отсто од трошоците за пополнување на фондот ќе ги сносат кредиторите со имот поголем од 50 милијарди долари, објави агенцијата. Банките со средства од помалку од пет милијарди долари би биле поштедени од таа обврска.
Се проценува дека таксата ќе треба да ја платат околу 113 банки.
Надоместокот ќе се плаќа за осум квартали или две години, почнувајќи од јуни 2024 година, но ќе се прилагоди според ревидираните проценки за загубите на фондот за осигурување на депозити.
Се очекува ЏП Морган Чејс (JPMorgan Chase) да плати годишен надомест од 1,3 милијарди долари, Бенк оф Америка (Bank of America) 1,1 милијарди долари и Велс Фарго (Wells Fargo) 898 милиони долари. Ниту една од трите банки не сакаше да ја коментира таа оценка.
Банките го финансираат фондот со редовни квартални провизии, но ФДИЦ нагласи дека мора да воведе друга, годишна провизија, за покривање на големите трошоци од неуспехот на Банката на Силиконската долина и Сигначр банк.