Големи протести во Литванија за слобода на медиумите


 

Протестите во Литванија траат веќе неколку недели поради притисок врз јавниот радиодифузен сервис ЛРТ (Литванска национална радио и телевизија). Владејачката коалиција предложи поедноставување на разрешувањето на директорот на ЛРТ, што ги налути новинарите, а и граѓаните. Тие најавија протест во траење од една недела, кој кулминираше со митинг на 10.000 луѓе пред парлемаентот на 9 декември. И покрај противењето на литванската и европската медиумска заедница, Сејмот продолжи да разгледува измени за разрешувањето на директорот на ЛРТ. Како одговор, новинарите од јавниот радиодифузен сервис почнаа да ги емитуваат своите радио програми директно од Плоштадот на независноста пред парламентот, а навечер, демонстрантите се собираа таму и палеа логорски огнови. Според ЛРТ, 6.000 луѓе дојдоа на плоштадот на 16 декември, а 10.000 на 17 декември. Уште еден протест е планиран за 18 декември, денот кога Сејмот има намера да усвои измени на законот за ЛРТ.

За што се реформите? Првичните реформи предложија поедноставување на разрешувањето на генералниот директор од двотретинско мнозинство во надзорниот, 12-член Совет на ЛРТ, на само шест. Подоцнежната верзија на законодавството, која моментално се дебатира во Сејмот, го зголемува нивото на едноставно мнозинство, седум од 12. Според предложените измени, ова исто така би се направило со тајно гласање, а причините за разрешување би биле проширени.

Четири члена ги назначува претседателот, четири од парламентот (два од партиите на власт и два од опозицијата) и четири од разни организации на граѓанското општество.

Критичарите велат дека реформата се прави специјално за да се отстрани сегашниот генерален директор, додека предлагачите велат дека се прави како одговор на ревизијата што откри недостатоци – дури и ако не кажа ништо за промена на начинот на кој се назначува или разрешува раководството на ЛРТ.