Голем скок на новозаразени и во Босна и Херцеговина
Во Босна и Херцеговина, по релативно мирно лето, во однос на бројот заболени од корона вирус, денеска се регистрирани 420 нови случаи, од 2.791 теста, за разлика од вчера кога имаше 276 новозаразени од 2.747 тестирани.
Истовремено забележани се и два смртни случаи.
Најголем број од новозаразените се од Федерацијата БиХ – 318, додека во Република Српска регистрирани се 83 новозаразени, а 19 во Брчко.
Вкупно во Федерацијата поради Ковид-19 починале 5.556, а во Република Српска 3.824 пациенти. Денешните двајца починати, исто така се регистрирани во Република Српска.